Потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Николоски, ја разобличи дволичноста на пратениците но и поранешни функционери кои сега на провладини медиуми говорат против партијата

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 12:08

Оние кои бегаа од медиуми како ѓавол од темјан, сега наеднаш добија желба да говорат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски, излезе во јавноста со ставови за настаните од петокот кога негови сопартијци гласаа уставни измени, но и по процесот на партиски исклучување.

Николоски изјави дека не очекувал ниту еден од овие пратеници дека ќе одат спротивно на волјата на граѓаните затоа што граѓаните врз основа на програмата на ВМРО – ДПМНЕ ги гласале.

Но за жал тоа се случи и тоа ќе им тежи цел живот, тој срам и тој товар ќе си го носат. – појасни потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски. 

Николоски посочи дека сите осум пратеници го изненадиле затоа што се работи за пратеници кои беа избрани од листата на ВМРО – ДПМНЕ на програма која што ВМРО – ДПМНЕ ја понуди во минатите избори.

Во која што програма јасно пишува дека ВМРО – ДПМНЕ нема да се согласи со промена на името на државата и нема да се согласи решенија и договори кои што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, што за жал го имаме договорот.

Во договорот во член 7 практично стануваме вештачка нација и говориме вештачки јазик на начин на којшто се дефинирани македонскиот народ и македонскиот јазик, за жал во тој член. – коментира Николоски.

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ говореше и за иронијата на секојдневните телевизиски настапи на поранешните членови и фунцкионери на ВМРО – ДПМНЕ кои гласаа за промена на името или дадоа поддршка на истиот тој процес.

Посочи дека од појавата на бомбите тие како што вели бегале од медиуми како ѓаволот од темјан сега не се симнуваат телевизија бранејќи ставови слични или идентични со оние на Заев и СДСМ.

Интересно, деновиве гледаме дел од поранешните функционери на ВМРО – ДПМНЕ и поранешни пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кој што сега се исклучени од партијата буквално не се симнуваат од телевизија, а во еден изминат период не само ова дејствување на ова раководство на ВМРО – ДПМНЕ туку некаде од појавата на бомбите па натака, не можевме да ги извадиме на телевизија да ја одбранат партијата.

И сега се поставува и тука логично прашање, како овие кои што бегаа од медиуми како ѓавол од темјан сега наеднаш добија желба да се појавуваат.

И да е парадоксот за нив лично најголем, се појавуваат на медиумите кои што нив како личности и политичари ги уништија во јавноста. Се појавуваат на медиумите кои што ги нарекуваа со најпогрдни имиња, ги нарекуваа криминалци кои што велеа дека треба да одат во затвор, кој што велат дека носат чанти Прада, кои што велеа дека се министри за смрт. Значи на истите овие медиуми кои што им ги уништија кариерите сега се појавуваат со ставови кои што се блиски на овие ставови на СДСМ.

Се поставува логично прашање зошто тие ставови не ги артикулирале во рамки на ВМРО – ДПМНЕ во периодот кога биле на највисоки позиции во рамки на партијата ВМРО – ДПМНЕ или ако наеднаш сега им се промениле ставовите и наеднаш сега не можат да се согласат со ставовите на ВМРО – ДПМНЕ, зошто не се пробаат на политичката сцена и да си формираат политичка партија, па да видат што мислат граѓаните за нив.

А вака криејќи се зад ВМРО – ДПМНЕ всушност одработуваат за СДСМ, обидувајќи да внесат раздор во партијата, но тоа не им поминува и нема да им успее. – рече Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести