Дали и општина Карпош била во мрежата на Боки 13 ?

Објавил: Узунов Бобан | 1 август, 2019 14:19

Општина Карпош призна дека потпишале Меморандум за соработка со Боки 13 !

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Во Општина Карпош не е отворен ниту еден предмет, а не е издадено ни одобрение за градење, ниту било каков друг правен акт во врска со споменатиот случај, велат од оваа локална самоуправа.

Во име на транспарентноста и отворената комуникација која Општина Карпош ја води со граѓаните, по низата шпекулации и лажни вести кои се проширија, должни сме пред севкупната јавност да ги посочиме следните факти:

„Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев не се вклучени во никакви незаконски активности во врска со случајот „Рекет”.

Во Општина Карпош не е отворен ниту еден предмет, а не е издадено ни одобрение за градење, ниту било каков друг правен акт во врска со споменатиот случај.

Локалната самоуправа има склучено меморандуми со голем број на невладини организации. Меморандумот кој е склучен со Меѓународен сојуз единствено се однесува на давање поддршка за реализација на различни социо – економски активности и третирања на локални прашања. Тој по својата содржина е општ, без никакви финансиски последици за Општината или конкретни други обврски. Врз основа на овој Меморандум, не е реализиран ниту еден проект или некоја активност со Меѓународниот сојуз.

Што се однесува до финансирањето на изборната кампања на градоначалникот Стефан Богоев, веќе е посочено дека сите плаќања се извршени преку наменската сметка за локални избори 2017, на партијата СДСМ и Коалицијата која го поддржа Богоев.

Во ниту една програма на Општина Карпош, ниту во изборната програма на градоначалникот Стефан Богоев, не постои проект „Карпош на вода”. Во оваа насока, не е донесен или изменет ниту еден ДУП, што е достапно и видливо и на нашата веб страница. 

Во интерес на отчетноста пред граѓаните, ги повикуваме сите заинтересирани страни, вклучително и пратеникот Антонио Милошоски да дојдат во Општината и да се уверат во сите посочени факти“, велат од оваа скопска локална самоуправа. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести