Опозиционата Нова Демократија, до обвинителот на Врховниот суд на Грција, достави видео запис во кој Коѕијас тврди дека Каменос обвинил министри дека се финансирани од Сорос

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 7:10

Оставката на Коѕијас и случајот “тајни фондови”стигнаа на Врховен суд

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Нова демократија, преку заменикот надлежен за правда, господинот Карагунис, до обвинителката од Врховниот суд, госпоѓата Ксени Димитриу, го достави видеото на Никос Коѕијас.

Во него Коѕијас меѓу другото открива дека господинот Панос Каменос обвини за финансирање министри од страна на Џорџ Сорос, соопштуваат од најголемата грчка опозициска партија и додаваат дека тие го сториле она што се подразбира, бидејќи на владината седница биле и министерот за правда и неговиот заменик и не побарале да се започне истрага.

Од Нова демократија велат дека исто така се подразбира дека „правдата ќе треба да побара да се достави оставката на Коѕијас, бидејќи низа објави во медиумите споменуваат дека во неа открива податоци за мрачни случаи во кои што се вмешани министри од владата на Ципрас”.

Најголемата грчка опозициска партија во соопштение уште еднаш го повикува Алексис Ципрас да го објави писмото со оставката на Коѕијас, а поставува и неколку прашања, повикувајќи се на натписите во грчките медиуми во однос на содржината на дописот на 9 страници на поранешниот шеф на грчката дипломатија.

Вмешан е и братучедот на премиерот, Јоргос Ципрас во сомнителните случаи на владата за кои обвинува господинот Коѕијас? Во неговото писмо постои споменување на случајот со продажбата на муниција во Саудиска Арабија? Обвинува ли Коѕијас за нетранспарентен начин на кој се чини дека Каменос управуваше со фондовите на невладините организации за бегалците? -се прашањата што ги поставуваат од Нова демократија, повикувајќи се на текстовите во грчките медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.