Меркел веќе ги повика Германците да го поддржат нејзиниот наследник во ЦДУ Армин Лашет, додека некои анкети предност му даваат на социјалдемократот Олав Шолц.

Трета политичка сила се опозициските Зелени, која, исто така, се надева на победа и официјално предложи кандидат за канцелар – Аналена Бербок.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 септември, 2021 10:04

Отворени избирачките места во Германија, граѓаните избираат членови за Бундестагот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Германија утрово беа отворени избирачки места, каде што граѓаните го избираат 20-тиот состав на Бундестагот, а во федералните покраини Берлин и Мекленбург-Западна Померанија (Мек-Пом), исто така, се избираат парламенти на покраините.

Меркел веќе ги повика Германците да го поддржат нејзиниот наследник во ЦДУ Армин Лашет, додека некои анкети предност му даваат на социјалдемократот Олав Шолц.

Трета политичка сила се опозициските Зелени, која, исто така, се надева на победа и официјално предложи кандидат за канцелар – Аналена Бербок.

Мандатот на Меркел формално завршува со конститутивната седница на новиот Бундестаг, која мора да се одржи најдоцна 30 дена по изборите. Меркел останува практично како вршител на должноста сѐ додека Бундестагот не избере нов канцелар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.