Целта на проектот е да се подигне јавната свест кај граѓаните но и јавните институции за подобро да се запознаат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести.

Објавил: admin@magazin | 1 февруари, 2021 20:55

ОХРИД БЛЕСНА: Самоиловата тврдина светна во знак на поддршка на ретките болести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Самоиловата тврдина светна во знак на поддршка на ретките болести. Денеска и официјално започнува едно месечната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“.

Во најкраткиот месец во годината кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“ поради ретките 28 дена, јавноста ќе биде запознаена со различните и специфични дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата држава.

Денеска и официјално започнува едно месечната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“.

За таа цел се изработени 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови на македонски и албански јазик.

Целта на проектот е да се подигне јавната свест кај граѓаните но и јавните институции за подобро да се запознаат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести.

Да зборуваме гласно за дијагнозите и ретките болести бидејќи споделувањето информации не носи кон нови технологии и нови терапии.
Да бидеме солидарни, да поддржиме, да помогнеме, вели градоначалникот Георгиевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.