Од регистрираните предмети во заштитениот дел, како што соопшти општина Охрид, 82 се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, осум за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јуни, 2019 14:18

Охрид го бришат од листата на УНЕСКО: Регистрирани 1.076 дивоградби, од кои 409 на крајбрежјето на Охридското Езеро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најголемиот туристички центар во Македонија, градот Охрид кој со својата убавина привлекуваше илјaдници туристи, ја губи својата историска вредност и автентичност, а причина за тоа се многубројните дивоградби и корупцијата на локалните власти.

Охрид — град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. 

Кај 1076 предмети инспекциските служби од Охрид забележале нерегуларности, односно дивоградби од кои 409 биле на територија на заштитена област. Дивоградбите се забележани на крајбрежјето на Охридското Езеро, во Стариот дел на Охрид и Националниот парк Галичица.

Ваквите бројки се објавени во новиот Регистар за нелегални градби на територијата на Охрид, за периодот од 2006 до 2019 година, кој е изработен според препораките на Унеско.

Од регистрираните предмети во заштитениот дел, како што соопшти општина Охрид, 82 се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, осум за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.

-Со изготвување на Регистарот на нелагални градби, општина Охрид во рекордно време исполни дел од своите обврски, кои се произлезени од владината работна група, која постапува по препораките на УНЕСКО, а Регистарот за нелегални градби треба да се достави до Владата најдоцна до 1 септември, посочува општинската прес-служба.

Следната недела во Баку ќе се одржи 43 та сесија на Комитетот за културно наследство на која треба да биде донесена одлука за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести