Извршено е миење на сите улици во централното градско подрачје со средство за дезинфекција.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2020 15:20

ОХРИД НЕ МИРУВА: Дезинфекција на контејнерите за отпад на сите локации, се мијат и улици!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екипите на ЈП„Охридски Комуналец“ утрово спроведоа интензивни активности за подигање на нивото на јавната хигиена на подрачјето на Општина Охрид, во насока на превенција од ширењето на корона вирусот Ковид-19.

Извршено е миење на сите улици во централното градско подрачје со средство за дезинфекција. Исто така извршена е комплетна дезинфекција на контејнерите за отпад на сите локации за депонирање во центарот на градот.

Извршено е миење на сите улици во централното градско подрачје со средство за дезинфекција. Исто така извршена е комплетна дезинфекција на контејнерите за отпад на сите локации за депонирање во центарот на градот.

Ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредните денови. Апелираме до граѓаните да се однесуваат одговорно, соодветно да го депонираат отпадот и да придонесат во делот на зачувување на јавната хигиена, објави градоначалникот Георгиески.

Исто така согласно препораките и мерките што ги донесе Владата на Република Македонија, Градски Пазар Охрид изврши вонредна дезинфекција и дератизација на објектот Затворен Зелен Пазар.

Дезинфекцијата и дератизацијата ја спроведоа екипи на Центарот за јавно здравје. Комуналните инспектори од инспекторатот при Локалната самоуправа во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Охрид завчера спроведоа контроли за почитување на работното време во согласност со препораката на Владата на Република Македонија како дел од превентивните мерки за заштита и превенција од корона вирусот Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести