При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца.

Објавил: Перо Милчин | 17 јануари, 2021 15:04

ОХРИД: Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид.

Поради пандемијата од Ковид 19, празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода, со која ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.

Упатувам апел до граѓаните да се воздржат од масовно групирање и капење во езерото, вели градоначалникот на Охрид, Ко стантин Георгиевски!

При посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат заштитни маски и одржуваат дистанца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.