Засега непознато лице, откако одбило да плати паркинг и чие возило било блокирано, оштетило 7 други и повредило контролор, по што избегало од местото на настанот

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 14:10

Охрид: Удрил 7 автомобили и прегазил конторолор на паркинг

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нов инцидент на паркинг просторот во центарот на Охрид.

Инцидентот во кој се оштетени автомобили и повреден е еден контролор на паркинзите го предизвикало непознато лице, кое претходно паркирало возило, но одбило да плати, по што од страна на контролорите на возилото бил поставен блокатор.

Граѓанинот ( за кој неофицијално се тврди дека не е жител на Охрид ) го стартувал возилото со блокаторот, по што удрил во 7 паркирани автомобили, и повредил еден од контролорите вработени во паркинзите.

Инцидентот го потврдија и од ЈП “Билјанини извори” кое стопанисува со градските паркинзи во градот.

Лицето се оддалечило од центарот на Охрид и по него трага полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...