Како што истакна тој ова сега што го гледаме, односно зголемениот број на заболени е резултат на предизборната кампања, а наредните 3 до 4 дена ќе го чекаме и кластерот изборно славење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јули, 2020 20:28

Пановски: Враќање на полицискиот час и државен карантин за сите кои одат на забави и прослави

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во изјава за ТВ Сител, професорот Никола Пановски истакна дека потребно е да се воведе полициски час ноќе и државен карантин на сопствен трошок за сите кои масовно ќе се собираат и журкаат, со цел да се намали ширењето на коронавирусот во Македонија. 

-Полициски час кој би бил ноќе и нема да влијае на економијата или многу малку ќе влијае. Сепак рестораните би можеле надвор да работат до 22-23 часот за да се спречи шетањето на младите навечер. Видовме што се случува по сите градови и допрва што ќе се случува во август. Очигледно дека државата не може да ги контролира сите места. Дури и газдите се спремни да платат илјадници евра и друг начин не гледам. Ова со пазарни инспекитори итн… Јас предложив да се забранат таквите собирања, ако се случат полицијата да ги однесе во државен карантин на нивни трошок. Тоа е ригорозна мерка, изјави за Сител проф.д-р Никола Пановски, професор по микробиологија.

Како што истакна тој ова сега што го гледаме, односно зголемениот број на заболени е резултат на предизборната кампања, а наредните 3 до 4 дена ќе го чекаме и кластерот изборно славење.

-Секако дека е од пред избори, тоа се настани кои се случуваат во затворен простор. Во таа паника пред избори, трчање, често се заборава на мерките има викање знам како изгледа тоа…Сега ќе го чекаме за 3-4 дена за славењето и чекање на резултатите. Имаше пеење, прегрнување… додаде професорот Пановски.

Микробиологот смета дека е неопходна и поголема контрола од надлежните институции за задолжително носење маска и држење дистанца. 

-Не треба да се чека да се создаде нова Влада, може таа нема да се создаде никогаш, треба да делуваат овие што се сега, рече Професорот Пановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести