Никола Пановски е поранешен директор на Фондот за здравство. Според него можеби скопските општини Чаир, Аеродром и Сарај би требало да бидат ставени во целосен карантин!

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 мај, 2020 10:15

Пановски: Која медицина е тоа да олабавуваш мерки кога бројот на случаи расте!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера непосредно по целосно укинување на полицискиот час, Д-р Никола Пановски гостуваше во отвореното студио на ТВ 24 каде истакна дека всушност таа одлука е признавање на пораз. Пановски додава дека во оние општини каде што има најголем број на заболени треба да се превземат поригорозни мерки, односно во Сарај, Чаир и Аеродром.

Никола Пановски е поранешен директор на Фондот за здравство. Според него можеби скопските општини Чаир, Аеродром и Сарај би требало да бидат ставени во целосен карантин!

-За мене е неочекувано од медицински аспект и не гледам зошто сега би се олабавиле мерките кога бројот на активни случаи расте, така што меркиве немаат оправдание од тој аспект. Друго е да паѓаат па да се очекува. Сметав дека и порано требаше да се донесе скратување на полицискиот час со зголемување на денот од 21 или 22 часот да биде. Границите не знам за кого би се отвориле, први јуни е многу рано и никој нема да не прими на 1 јуни да одиме. Мене ме плаши зошто е потребно сега одеднаш да се укине полицискиот час.

Доктор Пановски вели дека со отворање на кафеаните, кафулињата и целосното укинување на полицискиот час, младите по три месеци седење дома, ќе започнат да се собираат до раните утрински часови.

Што ќе се случи таму кога ќе пијат од исто шише, кога ќе делат иста марихуана или цигара… Ако има некој позитивен кај нив ќе ги донесат симптомите дома кај родителите или кај бабите и дедовците, тоа е оној страв кај мене.Сарај сега не е ништо подобар од Дебар кога го ставија во карантин. Никој не ни помислува, ниту градоначалникот на Сарај е загрижен, ниту граѓаните се нешто загрижени. Они со 35.000 жители имаат 50 активни случаи, тоа по некоја формула имаат најмалку 500 активни случаи. Кога ќе споредите со општина Центар или Карпош се добива дека во таа општина има 10-тина пати повеќе новозаболени отколку во Центар и Карпош. Треба да се преземат мерки во Сарај, Чаир и Аеродром каде има жаришта. Укинување на полициски час на цела територија е признавање на пораз, смета Пановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести