Да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни, рече Заев!

Објавил: Перо Милчин | 9 јануари, 2021 22:50

Пендаровски, Заев и Џафери на прием кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот, што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

Заев заедно со Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и Претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа на традиционалниот божикен прием, кој архиепископот Г.Г. Стефан го приредува секоја година по повод божикните празници и именденот на Архиепископот.

Во мое лично име и во името на Владата на Р. Македонија, на Архиепискотот, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја, го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

Во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови поради пандемијата на КОВИД-19, овие денови да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за физичко растојание и за носење заштитна опрема.

Да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.