Ова е нивна прва заедничка средба, откако Пендаровски застана на чело на државата.

Објавил: admin@magazin | 16 мај, 2019 19:32

Пендаровски и Заев го испија првото заедничко кафе во вила Водно!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ново избраниот претседател Стево Пендаровски денеска имаше средба со премиерот Зоран Заев во Вилата на Водно.

Од соопштението на кабинетот на претседателот изјавија дека на средбата премиерот Зоран Заев упатил честитки за стапувањето на функцијата и му посакал успешна работа на претседателот Пендаровски. Ова е нивна прва заедничка средба, откако Пендаровски застана на чело на државата.

Премиерот Заев не присуствуваше на инаугурацијата бидејќи користеше четири дневен одмор заедно со неговите другари. Тој преку видео порака му се заблагодари на Пендаровски за функцијата и порача дека како премиер и претседател ќе се видат наскоро за да го испијат првото заедничко кафе, што се случи денеска.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО.Претседателот и премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република Северна Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните, се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести