Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на парламентот“ вели Пендаровски за Детектор.

Објавил: admin@magazin | 8 декември, 2019 16:35

ПЕНДАРОВСКИ НЕСИГУРЕН: Не сум убеден дека ќе има избори на 12 април – НЕ ЗАВИСИ ТОА ОД МЕНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стево Пендаровски во своето интервју за Детектор рече дека не може да биде убеден дека на 12 април ќе има избори, бидејќи тоа не зависи од него.

Тоа е одлука која што ја носи мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите, вели Пендаровски.

„Не сум убеден бидејќи не зависи од мене. Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на парламентот“ вели Пендаровски за Детектор.

Не е до мене, меѓутоа и така влегуваме скоро во изборна година, може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок“ – вели Пендаровски.

Лидерите одлучија, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април, а техничката Влада ќе биде формирана на 2 јануари наредната година.

Целото интервју со Претседателот Стево Пендаровски за Детектор, гледајте го вечерва на Сител ТВ после вестите во 16:00.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.