Досега оставка даде Борис Јосифовски кој беше генерален секретар на кабинетот на Иванов, кој во иднина ќе работи во канцеларијата на Иванов.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 мај, 2019 17:35

Пендаровски: Од кабинетот нема да бркам никого од политички причини, ниту го имам тоа право„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателот Стево Пендаровски нема да избрка од работа ниту еден вработените во кабинетот.

На денешниот брифинг за новинари, Пендаровски рече дека иако бројката е многу поголема од времето која тој бил дел од претседателскиот кабинет, нема да избрка од работа ниту едно лице. Нема да брка никого од политички причини, рече тој.

Претседателот Пендаровски по преземањето на функцијата од неговиот претходник Ѓорге Иванов затекнал 61 вработен, што според Пендаровски е многу повеќе од времето кога бил советник кај претседателот Борис Трајковски. 

„Иако бројката е многу поголема од времето која јас бев дел од претседателскиот кабинет, нема да избркам од работа ниту едно лице. Нема да бркам никого од политички причини, ниту го имам тоа право. Доколку одредени лица сакаат да заминат со префрлување во друга институција, тоа можат да го направат. Досега оставка даде Борис Јосифовски кој беше генерален секретар на кабинетот на Иванов, кој во иднина ќе работи во канцеларијата на Иванов. Уште две лица имаат најавено заминување“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски го претстави и неговиот тим со кој ќе работи во наредните 5 години.

Како што и самиот најави, генерален секретар во кабинетот ќе биде досегашниот владин портпарол Миле Бошњаковски. Блерим Кољали, кој досега беше политички советник во Мисијата на НАТО во Скопје, ќе биде советник за национална безбедност, поранешниот амбасадор Гоце Карајанов е советник за надворешна политика.

Советници во кабинетот ќе бидат и професорот Александар Спасов и Тоше Зафоров. Љуљета Адеми ќе биде задолжена за односи со лицата со посебни потреби. Билјана Радева, која досега работеше во службата за комуникации во Британската амбасада, ќе биде советничка за односи со јавност, а Катерина Цаневска советник за медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести