Целосно го поддржувам новиот Закон за спречување на дискриминацијата во којшто е вклучена и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како едни од основите за дискриминација.

Објавил: admin@magazin | 17 мај, 2019 18:57

Пендаровски: “Со задоволство ќе го потпишам законот за дискриминација на хомосексуалците”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот Стево Пендаровски кој во неделата седна на претседателската фотеља во Вила Водно, се огласи на социјалните мрежи.

Претседателот Стево Пендаровски вчера имаше средба со премиерот Зоран Заев во Вилата на Водно. Како што соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски на средбата премиерот Заев упатил честитки за стапувањето на функцијата и му посакал успешна работа на претседателот.

Тој во неделата се смести на претседателското столче и уште веднаш се фати за работа. На социјалните мрежи претседателот Пендаровски напиша дека целосно го поддржува новиот Закон за спречување на дискриминацијата, во којшто е вклучена и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како едни од основите за дискриминација.   

Борбата за еднаквост на сите луѓе независно од нивната определба, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, ја сфаќам како мој политички императив, а не како наметната обврска или единствено како политичка коректност во јавните настапи.

Целосно го поддржувам новиот Закон за спречување на дискриминацијата во којшто е вклучена и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како едни од основите за дискриминација.
Со задоволство ќе го потпишам Законот, штом ми биде доставен за прогласување и, и во иднина, ќе ги поддржувам сите законски решенија кои што се во корист на граѓаните, напиша тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...