Професор Марјановиќ кој цел работен век пропагирал Македонија, држава на Македонците, како пензионер проповеда за Северна, оти ФИРОМ ни го чувала само името и идентитетот

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 11:26

Пензионерот Марјановиќ го порази политичарот Марјановиќ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Еден од најафирмираните професори по кривично право Ѓорѓe Марјановиќ во ТВ колумна за емисијата Фактор магазин вели дека ако не успеат уставните измени во Собранието, тогаш единствено решение се нови избори.

Марјановиќ додавајќи дека резултатите од овој консултативен референдум упатуваат на тоа дека и на нови предвремени избори расположението на населението ќе биде исто.

Всушност, во моментов, во Македонија се кристализирани 2 опции. Едната е за Европска Македонија, (со широка поддршка од најзначајните и најмоќните политичари во светот), со јасни насоки земјата да влезе во друштвото на современите демократии каде што има ред и поредок, почитување на законите и владеење на правото и другата опција е опцијата за зачувување на уставното име. Всушност, продолжување на оној глупав акроним ПЈРМ од кој на сите ни се крева косата на глава. За жал, освен зачувување на уставното име, оваа опција не и нуди никаква јасна перспектива на Македонија. Напротив, би рекол дека може целосно да ја изолира земјата и да ја втурне во бран од несакани сценарија на поделби, социјални немири, итн.

Пензионираниот професор од Правниот факултет во ТВ колумна  оценува дека политичарите во Македонија имаат статус на недопирливи. Според Марјановиќ за да се врати вербата на обичниот граѓанин во правната држава, потребно е секој политичар кој се огрешил пред законите да одговара.

Како професор по кривично право секогаш сум се залагал за почитување на законите. Ако се прифати амнестијата за сите злодела што ги направија претходните носители на власта (а нашиот Претседател како да милува повторно да ја применува), со тоа само се охрабруваат неговите миленици, (кои би требало да одговараат пред судовите) – за нови злодела. Спиралата на злото веќе еднаш мора да ја прекинеме, во спротивно, со неказнивост, ризикуваме да влеземе во еден маѓепсан круг од кој после никогаш нема да успееме да излеземе. – дециден е Марјановиќ.

* Ѓорѓе Марјановиќ е пензиониран професор по кривично право, почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот.За време на комунизмот професионaлно се aнгaжирaл зa слободa нa уверувaњето, совестa, мислaтa и нејзиното јaвно изрaзувaње, покренувaјќи го прaшaњето зa укинувaње нa некои тогaш мошне проблемaтични инкриминaции:

Нa XXI советувaње нa Југословенското здружение зa кривично прaво и криминологијa (Струга, 24-25 октомври 1983) во уводниот реферaт побaрaл укинувaње нa фaмозниот “деликт нa мислење”, содржaн во чл. 133 КЗ СФРЈ, зa што бил изложен нa остри критики од стрaнa нa комунистичкиот естaблишмент и пaртиски кaзнет, ​​по што сaмиот истaпил од Сојузот на комунистите на Југославија.

По воведувањето на повеќепартискиот систем јa основa и е избран за претседaтел нa првaтa опозиционa пaртијa во Мaкедонијa – Лига за демократија (од 21 ноември 1989 годинa, когa јa нaпишaл нејзинaтa политичкa плaтформa).

На чело на партијата е до 2006 година, кога по парламентарните избори, се повлекува од функцијата претседател на Лигата за демократија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести