Кина активно развива флота бомбардери со долг дострел и веројатно обучува воени пилоти за напади врз САД се тврди во нов извештај на Пентагон

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 12:17

Пентагон тврди дека Кина обучува воени пилоти за напади врз САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кина активно развива флота бомбардери со долг дострел и веројатно обучува воени пилоти за напади врз САД се тврди во нов извештај на Пентагон.

Пентагон наведе и дека Кина развива нуклеарни капацитети на бомбардерите со долг дострел и дека кинеските воздухопловни сили “добиле нова нуклеарна мисија“.

“Во последните 3 години Народно ослободителна армија на Кина брзо го прошири радиусот на операции на бомбардерите и стекна искуство во поморските региони. Војската веројатно изведува вежби за напади врз САД и нашите сојузници.” – објави Пентагон во годишниот извештај за воениот развој на Кина.

Кинескиот претседател Си Џинпинг најави модернизација на војската покрај борбата против корупцијата.

Во извештајот на Пентагон се тврди дека “кинеската војска минува низ најголемото реструктуирање во својата историја за да стане способна да се бори во здружени операции“.

Според извештајот објавен вчера Кина развива “стратегиски бомбардери со долг дострел со нуклеарни капацитети кои можат да станат функционални во следните 10 години“.

Кинеските нуклеарни бомбардери Х-6К за првпат слетаа на еден од вештачките острови во Јужното Кинеско Море во мај.

Новиот извештај е објавен во време на големи тензии меѓу САД и Кина поради трговските царини и несогласувањата околу постапките на Пекинг во Јужното Кинеско Море и кон Тајван.

Кина пред објавувањето на извештајот го критикуваше јакнењето на американската војска со нов закон кој ја поддржува соработката на САД и Тајван против Пекинг.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана Ву Џијан неделава изјави дека “САД се преокупирани со менталитет од Студената војна“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести