Тој иако навидум изгледа корпулентно и доминантно, сепак позади неговата појава се крие вистински џентлмен и господин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 16:04

Перо Антиќ ги остави сите без збор- нема да верувате што направил за време на заедничка вечера со пријателите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски кошаркар, кој слободно може да се каже дека е миленик на женската публика, до уши е заљубен во својата сопруга Ружица Антиќ. 

Тој иако навидум изгледа корпулентно и доминантно, сепак позади неговата појава се крие вистински џентлмен и господин.

Како што објави Фокус, викендов Перо бил на заедничка вечера со пријателите и со еден од своите синови, во угостителски  објект во Гевгелија, а таму ја покажа својата нежна страна, и буквално со својот гест ги воодушевил сите присутни.

Перо е познат помеѓу блиските како традиционален, семеен тип на човек, кој е многу приврзан со сопругата и децата.

Додека вечерале во ресторанот, влегла млада девојка која продавала ружи.

Нормално девојката одела од маса до маса и го нудела цвеќето, а кога се приближила до масата на кошаркарот, тој без многу мислење извадил пари и ги купил сите ружи. Девојката останала без зборови и успеала само да се заблагодари, оставајќи му го раскошниот букет ружи на Антиќ. Задоволна што за помалку од една минута заврши со работа, со празна кошница за цвеќе, таа си замина со насмевка, а на вратата само кажа – Камо сите да се вакви џентлмени!пренесува Фокус. 

Па така сите ружи отидоа кај Ружица. Инаку кошаркарот Перо Антиќ и поранешната одбојкарка Ружица се заедно од 2004 година. Неговата сопруга е дипломиран новинар и основач на женскиот магазин „Портрет“.

Тие во својот брак ги имаат синовите Лука, Павел и Петар, а интересно е тоа што Ружица и Перо имаат ист ден на раѓање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.