Ваквата одлука беше донесена денеска на Изборно собрание во Скопје каде, тој беше едногласно избран како единствен кандидат, откако преостанатите конкуренти се откажаа од трката, а Петар Наумоски кој досега беше предводник на МКФ, одлучи да не бара нов мандат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 13:55

Перо Антиќ е избран за прв човек на МКФ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ е новиот претседател на Македонската кошаркарска федерација.

Ваквата одлука беше донесена денеска на Изборно собрание во Скопје каде, тој беше едногласно избран како единствен кандидат, откако преостанатите конкуренти се откажаа од трката, а Петар Наумоски кој досега беше предводник на МКФ, одлучи да не бара нов мандат.

Инаку Антиќ, има богата кошаркарска кариера, тој има 36-години а беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче.

Перо Антиќ е роден на 29 јули 1982 во Скопје. Тој е македонски професионален кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација. Антиќ е висок 210 см и тежок 110 кг, а игра на позицијата центар.

Антиќ почнал да игра кошарка на 11-годишна возраст, заедно со неговиот брат Александар во младинските школи на “КК Работнички”, како и во кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. На возраст од 16 години го направил своето деби во првиот тим на клубот. 

Со репрезентацијата на Македонија, на Европското првенство 2011 во Литванија, Перо Антиќ го освои четвртото место.

По враќањето од Евробаскетот во Литванија, заедно со членовите на националниот тим, тој ја добил академската титула „Хонорис кауза“, доделена од страна на Универзитетот „ФОН“.

Перо Антиќ е деветтиот претседател на МКФ. По осамостојувањето на Македонија прв претседател на МКФ беше Благоја Самаковски во периодот од 1992-93, потоа Зоре Темелковски (1993-97), Јордан Камчев (1997-1999), Горан Рафајловски (1999-2001), Леонид Гајдаџиев (2001-04), Драгољуб Арсовски (2004-05), Даниел Димевски (2005-15), Петар Наумоски (2015-19).

Инаку Перо Антиќ беше изборан од македонската кошаркарска јавност за најдобар кошаркар на нашата земја за 2017 година откако со тимот на Фенербахче стигна до титулата во Евролигата.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кошарка

Посебно емотивен беше најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Фото: Спектакуларен пречек на Ѓоковиќ, српските кошаркари и баскетџии во Белград Србија синоќа ги поздрави своите спортски херои

Србија синоќа ги поздрави своите спортски херои, српската кошаркарска репрезентација...

Трогателен говор одржа и еден од најдобрите пријатели на Коби, Мајкл Џордан кој не можеше да ги сокрие солзите. Џордан пред присутните одржа потресен, емотивен говор и кажа за нивниот пријателски однос.

„Кога загина Коби, загина и дел од мене- Мајкл Џордан со солзи во очите се прости од својот “помал брат”

Вчера се одржа комеморацијата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата...

Тој му ветил на Коби дека ќе започне да тренира деца, а како доказ приложи видео од кошаркарскиот камп за деца, нешто што Коби г побарал од него. 

ЈА ИСПОЛНИ ЗАДАЧАТА КОЈА МУ ЈА ДАДЕ КОБИ: Голема одлука на НБА ѕвездата!

Гилберт Аринас, порано познат како „Агент Зиро“ и sвездата на „Вашингтон Визардс“...