Како што информираше општината, се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.

Објавил: Владо Марин | 17 јуни, 2020 17:23

Плажата „Немо“ во Охрид срамнета со земја

Фото/Текст извор: ©Ohridnews

Познатата плажа „Немо“ во месноста Горица 3, е урната целосно. Градежна механизација во придружба на овластен инспектор и полициска асистенција, денеска ги отстрани потпорните ѕидови, бетонските конструкции, шанкови и друга партерна и урбана опрема од плажата.

 

Во меѓувреме дел од сопствениците на шанкови и урбана опрема во Св. Стефан почнаа сами да ја отстрануваат опремата која е листата за извршување, во рамки на акцијата што ја спроведува локалната самоуправа.

Таа предвидува отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.

Како што информираше општината, се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...