Операцијата би била наречена „Сабја“. Името е поврзано со полициската акција „Сабја“ во Србија, спроведена непосредно по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, во која беа уапсени 11.655 лица поврзани со организираниот криминал, меѓу нив и познати јавни и естрадни личности.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 септември, 2020 17:15

„Плусинфо“: Владата на Заев спрема масовно апсење на околу 200 лица?

Фото/Текст извор: ©плусинфо

Извори блиски до новата влада на Зоран Заев брифираат дека некои кругови во кабинетот заговараат голема акција за кривично гонење и притворање на околу 200 лица осомничени за криминал и корупција. Засега не е донесена таква одлука, но има субјекти кои упорно заговараат една таква масовна полициско-обвинителска акција, дознава Плусинфо.

Операцијата би била наречена „Сабја“. Името е поврзано со полициската акција „Сабја“ во Србија, спроведена непосредно по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, во која беа уапсени 11.655 лица поврзани со организираниот криминал, меѓу нив и познати јавни и естрадни личности.

Луѓе во врвовите на новата власт заговараат слична, иако не толку масовна акција, со цел новата влада, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски веднаш, на самиот почеток на мандатот, да демонстрираат силна посветеност на борбата против криминалот и корупцијата, за што владата во претходниот тригодишен мандат беше жестоко критикувана.

Иницијаторите да се спроведе една ваква акција, како што дознава Плусинфо, убедувале дека таа би можела да се искористи и за обновување на некои стари случаи на СЈО, за кривичен прогон на лица од опозицијата, а не е исклучено, по примерот од Србија, на списокот за апсења да се најдат и познати јавни личности.

Со оглед на чувствителноста на прашањето, изворите на Плусинфо велат дека владата и партијата на власт во оваа фаза најверојатно ќе се оградат и ќе ги демантираат ваквите најави и ќе ги оквалификуваат како „лажна вест“, поради опасноста евентуално да се компромитираат подготовките на една ваква акција, но и да не се добие впечаток дека таа би имала карактер на политички реваншизам.

Останува да се види дали иницијаторите ќе успеат да ја наметнат својата идеја во новиот владин кабинет и како ќе реагираат водечките луѓе од СДСМ и од ДУИ во владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести