Македонските ракометари во вчеражниот натпревар ја совладаа Србија со резултат од 37:31.

Објавил: admin@magazin | 5 јануари, 2019 8:38

ПОБЕДА : Македонија ја совлада Српската ракометна репрезентација

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Првата од двете контроли меѓу Македонија и Србија заврши со заслужена победа на македонската селекција од 37:31 така што на убав начин беше најавен настапот на Светското првенство во Германија.

Македонија покажа дека е подготвена да влезе во битка за нов пласман, но она што вчера беше одиграно на ниво ќе мора да биде уште подобро од 11 јануари во Германија и во Данска.

Во последните минути дојде и до мало опуштање, но предноста беше доволно голема за да може да се дозволи ваков момент. Покрај тоа Раул им даде шанса на повеќето ракометари во составот така што добар дел од момците добија можност да почувствуваат како е да се игра во дресот со националниот грб и тоа во сениорскиот состав.

Стартот на средбата мина во грч во кој селекцијата на Србија успеа да искористи шанса за да биде во трка за резултат.Неколку интересни минути во продолжение донесоа менување на репрезентацијата која е во водство. Немаше никакви шанси за да се дојде до поголема предност, па остана минималното водство до 6:6 во 11. минута.

Србија не успеа да дојде до израмнување. Силниот ритам продолжи, па играта овозможи да се зголемува предноста. Првиот гол од Кире Лазаров дојде дури во 19. минута за водство од 11:8, па ова беше знак дека Македонија има целосна контрола на средбата.

Добрата игра во нападот, но и зацврстувањето на одбраната конечно даде резултат. Проблемите со пивотот на противникот беа решени и тоа отвори простор за игра во продолжение од средбата. Македонија се снајде и во 13. минута првпат дојде до водство од два гола, 8:6.

Предноста се зголемуваше и во следните минути, а Македонија играше главно со седум ракометари во напад. Ова даваше простор за лесни голови на Србија кога имаше грешки. Сепак, после 16:13 за две минути Македонија успеа да зададе силен удар и да обезбеди три гола со кои на одмор замина со 19:13. Денеска двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар, но тој ќе биде од затворен тип.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...