Имено станува збор за искинато државно знаме кое виси во паркот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 март, 2019 15:08

Повторно вандалско однесување- Искинато државното знаме во паркот во Ѓорче

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вандалско однесување на жителите на општина Ѓорче Петров. Имено станува збор за искинато државно знаме кое виси во паркот. За жителите ова не е ништо ново, велат дека ваквата слика е речиси секојдневна.

– Еве по втор пат… добро бе градоначалник на Ѓорче Петров, не ти е срам?! Под итно да се смени искинатото државно знаме во паркот во Ѓорче… срамота е!!!, напиша револтиран граѓанин на својот Фејсбук профил, постирајќи ја сликата.

Знамето како државен симбол на Република Македонија како и химната и грбот се заштитени од злоупотреби, исмејувања и уништување.

Инаку во кривичниот законик во член 178 стои дека тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.

Изминатиот месец поради ваквите вандалски однесувања Црна Гора донесе предлог-закон за измена и дополнување на Законот за државни симболи  со што се предивдува казна и до 2.000 евра за оние кои знамето на Црна Гора ќе го употребуваат како престирка или завеса.

Можеби со вакви парични казни и кај нас ќе се покрене свеста кај народот и ќе престане вандалското однесување.

ФОТО: Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести