Со вчера објавените од Институтот за јавно здравје, 12 новопотврдени случаи во Тетово и вкупна бројка од 108 дијагностицирани и 52 активни случаи, тој град е новото жариште во коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 мај, 2020 10:57

Повторно раст на новозаболени од коронавирус, Тетово ново жариште

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Вчера беа регистрирани 36 нови случаи, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.622, а има и 419 активни случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.

– Скопје 11
– Куманово 10
– Тетово 1
– Велес 2

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести