Скопските пожарникари на местото на трагедијата пристигнале околу 17 часот. Таму веќе имало полиција и групи на луѓе кои исто така се обидувале да им помогнат на повредените.

Објавил: Македонка Димкин | 15 февруари, 2019 0:12

Пожарникар: Автобусот беше смачкан и беше невозможно да се влезе во него

Фото/Текст извор: ©вечер.пресс

“Глетката беше морничава. Мирисот на свежата крв ми заплискуваше во носот, но немав време да размислувам за моите чувства. Во тој момент го молев Господ да ми даде сила за да можам да спасам колку што е можно повеќе луѓе, кои лазејќи на колена ги извлекував од згмечениот автобус” – раскажува скопски пожарникар, кој прв влегол во превртениот автобус и ги извлекувал настраданите -раскажува еден пожарникар за порталот вечер

“Лазев на колена во смачканиот автобус и еден по еден ги извлекував повредените. Глетката беше морничава. Мирисот на свежата крв ми заплискуваше во носот, но немав време да размислувам за моите чувства. Во тој момент го молев Господ да ми даде сила за да можам да спасам колку што е можно повеќе луѓе – вака почна да ја опишува спасувачката мисија еден храбар скопски пожарникар кој несебично цело попладне заедно со другите негови колеги ги спасувал настраданите од автобусот “Дурмо турс”, кој вчера се преврте во нива покрај автопатот кај селото Ласкарци.


Во болницата 8 ми септемврри кога слушнале за големата несреќа сите доктори доброволно се пријавиле да им помогнат на своите колеги

Скопските пожарникари на местото на трагедијата пристигнале околу 17 часот. Таму веќе имало полиција и групи на луѓе кои исто така се обидувале да им помогнат на повредените. “Автобусот беше речиси смачкан и беше невозможно да се влезе во него. Патниците беа заглавени и во многу тешка ситуација. Пискотници се слушаа од сите страни. На подот имаше реки од крв. Дел од нив беа приклештени меѓу каросеријата од автобусот, дел потиснати и меѓу столчињата. Сите беа кој од кој потешко повредени. На некои им се гледаше утробата, некои беа со отворени рани, со скршени глави, раце и нозе.


Како ги изнесувавме од автобусот така моите колеги заедно со екипите од Брза помош ги ставаа повредените во амбулантните возила и ги транспортираа во болниците – сталожено како вистински професионалец кој досега неколкупати се соочил со вакви ситуации ја опишуваше овој пожарникар спасувачката мисија во превртениот автобус излавил еден поќарникар во изјава за Вечер.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести