На територијата на градот Бишкек се воведува полициски час од 21 до 5 часот наутро.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 октомври, 2020 15:12

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА КИРГИСТАН: Забранети се демонстрации, собири и масовни спортски настани!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Командата на градот Бишкек воведе полициски час во главниот град на Киргистан, објави градскиот секретаријат за внатрешни работи.

На територијата на градот Бишкек се воведува полициски час од 21 до 5 часот наутро. Полицискиот час важи за сите граѓани на Бишкек и странците, освен за вработените во државните и градските служби кои соработуваат со градската команда”, стои во соопштението објавено на Фејсбук. 

„Оваа мерка забранува собири, протести, паради и демонстрации, како и масовни спортски настани на територијата на градот Бишкек“, се вели во соопштението. Киргистанскиот претседател Соронбај Шенбеков вчера прогласи вонредна состојба во главниот град и нареди распоредување на армијата.

Шенбеков претходно изјави дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе се формира нова влада и немирите што избувнаа по објавувањето на резултатите од парламентарните избори и упадот на приврзаниците на опозицијата во државните институции.

Шенбеков ги повика сите политички сили во земјата да го зачуваат мирот и да престанат поделбите во општеството.

Исто така, поранешниот претседател на Киргистан Алмазбек Атамбајев беше уапсен од специјалните полициски сили, беше објавено од седиштето на Социјалдемократската партија на Киргистан, пренесува ТАСС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.