Во сообраќајната незгода со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2019 11:40

Полициско возило “Поло” и “Пежо” се судрија во Скопје – повредени четири лица

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Скопје, во која се повредени четири лица. Сообраќајната незгода се случила вчера околу 19:30 часот на раскрсницата од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“, информира МВР.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Фолксваген Поло“ кое е во сопственост на МВР, а управувано од 28-годишниот М.Г. и патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици управувано од 37-годишниот Г.С. од Скопје.

Во сообраќајната незгода со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила и веднаш биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...