Англичаните според анкетите се предомислуваат за напуштањето на ЕУ

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 12:45

Половина Британци се за нов референдум! Реалност или политички трик?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доколку преговорите околу Брегзит завршат без договор половина граѓани на Велика Британија сметаат дека треба да се организира референдум за конечна одлука дали треба да се напушти ЕУ покажа најновото истражување во кое учествуваа околу 10.000 граѓани.

Според анкетата двојно повеќе граѓани се на мислење дека е подобро да се организира референдум отколку таа одлука да му се препушти на Парламентот.

Истражувањето на групата “Луѓето гласаат” спроведено од 31-ви јули до 7-ми август покажа дека 45 отсто од граѓаните поддржуваат референдум по завршувањето на преговорите додека 34 проценти се против.

На прашањето кој треба да одлучи за останувањето или напуштањето на ЕУ 50 отсто смета дека тоа треба да го сторат граѓаните на референдум а 25 отсто сметаат дека за тоа треба да одлучи парламентот.

Според истражувањето 74 отсто од испитаниците сметаат дека преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ се одвиваат лошо а 68 отсто мислат дека Британија лошо ќе помине.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести