Ќе се извини ли Поповска кон ВМРО - ДПМНЕ што 4 години тврдеше дека казната за нејзиниот зет е класична политичка уцена?

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 13:55

Поповска од ДОМ си го измислила прогонот за нејзиниот зет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерката на ДОМ веќе долго време во јавноста креваше тензии тврдејќи дека нејзиниот зет Перо Јосифовски бил жртва на политички прогон.

Врховниот суд на Република Македонија ги потврди казните кои во првостепена и второстепена постапка им беа пресудени на обвинетите од случајот од 2014-та година во јавноста познат како “Кражба во Музејот на Македонија” во Скопје

Меѓу лицата кои се осудени е и Перо Јосифовски зет на пратеничката Лилјана Поповска која пред неколку дена изјави дека била уцената за казната на времето од страна на ВМРО -ДПМНЕ и тоа во периодот кога била во коалиција со владеачката партија.

Највисока казна од 8 години и 8 месеци за овој случај доби токму поранешниот директор на Музејот Перо Јосифовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести