Според она што го објави агенцијата, тестовите на компанијата BGI Genomics не можеле да го разликуваат ниското ниво на вирусот од негативен резултат, објаснува шведската агенција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 август, 2020 16:22

Поради непрецизни тестови околу 3.700 Швеѓани биле лажно позитивни на коронавирус!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Агенцијата за јавно здравје на Шведска објави шокантни информации, имено според извештајот кој таа го објави, речиси 3.700 Швеѓани биле лажно позитивни на корона вирусот поради недостиг од тестови од Кина.

Според она што го објави агенцијата, тестовите на компанијата BGI Genomics не можеле да го разликуваат ниското ниво на вирусот од негативен резултат, објаснува шведската агенција.

„Доставувачот мора да ги прилагоди својствата кои се потребни за користење на овој тест“, изјави Тегмарк Висел, шеф на Одделението за микробиологија додавајќи дека тие тестови се извезени и во многу други земји.

Имено оваа компанија за тестови BGI Genomics има два ограноци на американската црна листа со компании кои се вмешани во кршењето на човечките права, но немаат коментар на ова.

Оваа компанија годинава во месец март од американските власти доби одобрение за итна употреба, а во мај и од Светската здравствена организација.

За погрешните резултати на тестовите, Шведска вели дека само маргинално се одразиле на статистиката на заразата. Од појавата на корона вирусот во Шведска вкупно се заразени 86.891 луѓе, а умреа 5.814 луѓе. Бројот на случаи, пациенти на интензивна нега и бројот на мртви опаѓаат последните недели.

На почетокот на наредната недела се очекува агенцијата да ја претстави својата стратегија за олабавување на мерките за јавни настани како што се фудбалските натпревари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.