И членот на Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, Михајловски со реакции по видео пораката на претседателот на Франција, Макрон, дека Договорот од Преспа не е ни за ЕУ ни за НАТО

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 10:13

Пораката на Макрон ги урна маските на Заев и Димитров

Фото/Текст извор: ©република.мк

И Тони Михајловски, актер и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ со прашање до власта кое по видео пораката на францускиот претседател му зададе големи главоболки на СДСМ и Заев.

И сега, за името е или не е, прашува членот на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Тони Михајловски, коментирајќи ја видеопораката на францускиот претседател Емануел Макрон, кој отворено кажа дека на референдумот се гласа за Преспанскиот договор, односно за промена на Уставот и на името на Република Македонија.

Власта во меѓу време води кампања за европска Македонија, за ЕУ и НАТО, но студениот туш од Макрон фрла друго светло на референдумот.

Михајловски на ова со остри реакции на т.н. реформатори кои се “За” Договоерот, но и прашање и констатации:

“Големиве “војводи” ќе излезат ли да го верификуваат овој апокалиптичен договор, па дури и со поништено ливче или глас против? Или тоа милионерот говори од нив, за да ги замолчи “бомбите” во кои ги нема на мистериозен начин.

Граџанството и адаптоидот од премиер упорно лажат дека референдумот е за НАТО и ЕУ, но еве малиот на баба, фино објаснува за што се работи.

За промена на устав, промена на име, обезличување во нешто што нема идентитет, историја и иднина. Никој од белосветскиве емисари не дава гаранција дека ќе влеземе било каде. Освен “нашиве” со песнички и приказни. Ама јас повеќе му верувам на Макрон од колку на сите спотчиња и луѓето во нив. Не знам зошто, ама му верувам. – пишува Михајловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести