Претходно дел од сопствениците на угостителските објекти во овој дел на градот самостојно ги отстранија платформтите од езерото.

Објавил: admin@magazin | 19 октомври, 2019 9:48

После Куба Либре дојде ред на Ликвид: Се руши платформата пред „Ликвид“ во Охрид!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера со отстранување на платформата пред кафе барот „Ликвид“ во стариот дел на градот продолжи акцијата за уривање на дивоградбите, што е дел од Акцискиот план за справување со проблемите кои го загрозуваат статусот на Охрид во УНЕСКО, објави OhridNews.

Претходно дел од сопствениците на угостителските објекти во овој дел на градот самостојно ги отстранија платформтите од езерото.

Акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид започна со бесправно изградена индивидуална куќа на улица „Марко Нестороски“, а продолжи со хотел во близина на населбата Далјан. И во двата случаи сопствениците со писмен исказ се обврзаа дека сами ќе ги урнат дивоградбите.

Сите кои имаат бесправно изградени, платформи, тераси, бетонски бази час поскоро сами да почнат со отстранување, порача  градоначалникот Георгиевски и вели никој нема да биде поштеден ќе се руши апсолутно се, охридското крајбрежје до крајот на месецов ќе почне да се враќа во првобитна положба.

Вчера со отстранување на платформата пред кафе барот „Ликвид“ во стариот дел на градот продолжи акцијата за уривање на дивоградбите, што е дел од Акцискиот план за справување со проблемите кои го загрозуваат статусот на Охрид во УНЕСКО. Фото: OhridNews

Георгиевски вели дека времето на молење и убедување заврши, за да нема нови проблеми уште еднаш апелира сите кои имаат дивоградби сами да ги срушат.

А веднаш откако крајбрежјето ќе се врати во нормала, ќе се одлучува како и со што ќе се заменат платформите, за да нема штети врз туризмот, како што велат угостителите.

Советникот од ДУИ Нефи Усеини, тврди дека против него во тек е политичка хајка, која се води од страна на власта со цел затскривање  на криминалните активности во кои е вклучена.

Во Охрид со години се градат дивоградби и затоа имаме бројка од 1401 дивоградба. Треба прво да се рушат сите останати дивоградби кои се на крајбрежјето и се проблем за УНЕСКО, да се ослободат сите тротоари каде треба да минуваат пешаците, да се отстранат дивоградбите во националниот парк Галичица, а потоа нека дојдат во центарот, кај чинарот. Откако ќе ги отстранат останатите дивоградби, додека дојдат до чинарот, и покрај тоа што ги имам сите документи за пицеријата, јас самиот ќе го отстранам објектот. Барам да нема селективност, вели Усеини.

Како советник и жител на Охрид каде живеам со семејството и имам бизнис со над 500 вработени, работам повеќе од 10 часа во денот за во градот да биде подобро. 12 години плаќам придонеси до државата и општината. Мојата тераса не е нова градба, само е извршено реновирање. Не е цврста градба, може секој да провери во секое време, само е поставена метална конструкција, вели Усеини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести