-Во овој момент, на улицата „Бистра планина“ се гради канализациска мрежа во должина од преку 400 метри со поставување цевки со дијаметар Ф-400.

Објавил: admin@magazin | 20 септември, 2019 21:30

После 50 години улица во Прилеп доби канализација!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска после 50 години „Водовод и канализација“ заедно со градските власти е направен увид на поставување канализација, на прилепската улица „Бистра планина“ во урбаната заедница „Сточен пазар“.

Директорот на „Водовод и канализација“ Емил Јанески, изјави дека поради прифаќање на сите домаќинства од оваа улица, ќе се спроведе канализација уште околу 200 метра, со цевки Ф-200. Исто така се привршува канализациската мрежа на улицата „Јоска Јорданоски“, а во завршна фаза се работите на улиците „Гога Димитриоски“ и „Браќа Шукуроски“.

-Во овој момент, на улицата „Бистра планина“ се гради канализациска мрежа во должина од преку 400 метри со поставување цевки со дијаметар Ф-400. Поради прифаќање на сите домаќинства од оваа улица, ќе спроведеме канализација уште околу 200 метра, со цевки Ф-200. Истовремено, привршуваме со канализациската мрежа на улицата „Јоска Јорданоски“, а во завршна фаза се работите на улиците „Гога Димитриоски“ и „Браќа Шукуроски“ во населбата Варош. По овие градежни зафати ќе ја промениме водоводната мрежа. Ќе ги замениме старите азбестни со нови, полиетиленски, за потоа, во соработка со локалната самоуправа да се асфалтира, рече Јанески.

Прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски вели дека ќе се продолжиме со изградбата на инфраструктурата во сите делови во оваа општина.

Сѐ ќе направиме за до крајот на оваа година во целост да ја исполниме зацртаната програма, а со почетокот на новата година ќе започнеме со решавање на инфраструктурните проблеми на граѓаните од останатите населби во градот и во населените места, објаснува Јованоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести