Прекинот на казната му е одобрен од судијата за извршување на санкции во истиот суд кој е надлежен според местото на живеење, а причината е неговата здравствена состојба, додаваат од Управата за извршување на санкции.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јули, 2019 13:04

Потврдено: Убиецот на Мартин Нешковски една година не е во затвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, повеќе од една година не е во затвор затоа што се лекува, потврдуваат за порталот Фактор од Управата за извршување на санкции. Според информациите тој е на лекување речиси една година. Судот му го продолжувал отпустот во неколку наврати.

По само 6 години затвор за убиството на Мартин Нешковски Спасов е пуштен од затвор под неразбирливо образложение дека има потреба од домашно лекување.

-Осудениот Игор Спасов почнувајќи од 29.08.2018 година, до денес се наоѓа во прекин на издржувањето на казната затвор, кој му е одобрен со решение на Основен суд Штип и првично требало да трае два месеци до 22.10.2018 година. Но, потоа истиот суд му го продолжува прекинот на казната од 22.10. 2018 до 17.12.2018 година, па со ново решение му го продолжил до 17.12.2018 до 18.02.2019 година, како и одново од 18.02.2019 до 18.05.2019 година, за да последен пат му биде продолжен од 18.05.2019 до 18.08.2019 година кога треба да се врати во КДП Идризово на доиздржување на остатокот од казната, информираат од Управата за извршување на санкции.

Прекинот на казната му е одобрен од судијата за извршување на санкции во истиот суд кој е надлежен според местото на живеење, а причината е неговата здравствена состојба, додаваат од Управата за извршување на санкции.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешкоски за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2011 година.

Во мај годинава во дел од медиумите се појави информација дека е забележан во кафуле во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести