Две лица беа затрупани во областа Загреб по земјотресите утрово, објави агенцијата, повикувајќи се на информации од противпожарната станица во Загреб.

Објавил: Перо Милчин | 22 март, 2020 13:03

ПОТРЕСНА ФОТОГРАФИЈА ОД ЗАГРЕБ: Породени жени со бебиња избегаа пред болница да бараат помош!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Два моќни земјотреси што утрово го зафатија Загреб предизвикаа голема штета и страв кај граѓаните, а породените жени од болницата „Питер“ излегоа на улица, јави ХРТ.

Две лица беа затрупани во областа Загреб по земјотресите утрово, објави агенцијата, повикувајќи се на информации од противпожарната станица во Загреб.

Два моќни земјотреси што утрово го зафатија Загреб предизвикаа голема штета и страв кај граѓаните.

По земјотресите во областа Загреб има мртви луѓе, рече Хина, повикувајќи се на информации од противпожарната станица во Загреб.
Два силни земјотреси, првиот со јачина од 5,3 степени и вториот со јачина од 5,0 степени утрово го погодија Загреб и предизвикаа оштетување на зградите.

Оштетена е и Катедралата Успение на блажената Дева Марија и Свети Стефан и Ладислав, на која целосно падна врвот на една кула, заедно со крстот на неа.
Ние сме во голем шок”, рече ректорот на катедралата во Загреб, монсињор Јосип Кухтиќ, за Вечерњи.хр.

Во катедралата се сместени и гробовите на последните три архиепископи од Загреб: Алоџије Степинац, Фрањо Чепер и Фрањо Кухариќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.