Беше одличен музичар со препознатлив глас, меѓу најпопуларните во деведесеттите години на минатиот век.

Објавил: Перо Милчин | 25 октомври, 2020 9:29

Почина Васил Ангов, музичар, пејач – трета жртва на ковид во Гевгелија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ТАЖЕН ПОМЕН: ВАСИЛ АНГОВ 1969-2020!

– Вчера во Скопје по кусо боледување почина Васил Ангов од Гевгелија. Васил Ангов е роден на 8 април 1969 година во Гевгелија каде живее и работи со неговото семејство.

Беше одличен музичар со препознатлив глас, меѓу најпопуларните во деведесеттите години на минатиот век.

Музичкиот свет во Македонија остана без уште еден одличен музичар.

Неговата музичка кариера започна со песната “Кому да го дадам срцето” од неговата сограѓанка Оливера Станковска, а продолжи со песни од Григор Копров што ги пееше на Скопскиот фестивал и на Макфест во Штип.

Симпатиите на публиката ги освои на фестивалот “Макфест“ во 1995 година со песната “Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив. Испеа неколку песни, меѓу кои “Оди адио“, “Магични зборови“, “Твојот дневник“…

Последниве години повеќе настапуваше во живо низ гевгелиските локали каде во дует со синот Димитар ги забавуваше Гевгеличани.

Васил Ангов беше патриот и домаќин! Васил Ангов своевремено беше претседател на Канцеларијата за врски на Светскиот Македонски Конгрес во Гевгелија.

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрено сочувство до неговото семејство. Нека Господ Бог ја насели неговата душа во царството небесно каде што почиваат праведниците.

Амин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam