Доктор Предраг Лалевиќ беше личен доктор на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2019 12:22

Почина докторот кој го исклучи Тито од апарати

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Доктор Предраг Лалевиќ, хирург и анестезиолог кој 16 години со доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито беше на 106 патувања, кој на 4 мај 1980 година го исклучи Тито од апарати, почина на 92 годишна возраст.

Д-р Лалевиќ, ќе остане запамтен како личен доктор на доживотниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито, кој се грижел за неговото здравје цели 16 години.

Тито почина на 4 мај 1980 година во 15.05, а на апарати беше последните 68 часа. Се хранеше преку инфузија, а доктор Предраг Лалевич го исклучи од апаратите кои го држеле во живот.

– Ни на шала не може да се рече дека јас го убив. Десет минути пред тоа тој беше веќе мртов.Му немаше спас. Јас само го исклучив од апаратите изјавил пред смртта за Express, докторот Лалевиќ.

Тито на апарати за дишење беше 68 часа. Една година по смртта на Тито, во германските болници се зборувало дека всушност Лалевиќ го држел Тито во живот на апарати неколку години. 

– Мозокот му беше жив, тоа е моето медицинско оправдување, зошто веднаш не го тргнав од апаратите. Меѓутоа тоа не беше единствената причина, тогаш започна и борбата за власт.

Лалевиќ открива како Тито реагирал во моментот кога му соопштил дека со ампутација ќе му го продолжи животот.

– Штом стигнавме во Љубљана, отидовме во Клинички центар, каде му направија снимка на левата нога. Бидејќи ситуацијата на артериите на ногата беше лоша, му предложив на Тито операција, но тој одби. Тогаш повикавме на консултации професори од САД и Москва. Тие предложија операција, односно ампутација на левата нога доколку Тито прифати. Откако тој одби, пробавме да направиме операција со помош на протеза, која како што и очекувавмене успеа, а тој и натаму одбивал ампутација. Дури кога ја виде својата потколеница, помодрена, рече правете што е потребно.

 

Докторот открива дека Тито не бил пребирлив кога станува збор за храната. Тој вели дека Тито јадел буквално се што му било зготвено, но само еднаш одбил да јаде полжави. Лалевиќ открил и анегдота по разводот на Тито и Јованка. 

Таа беше на една страна, тој на друга. Беше тоа некоја свечена вечера. Тој зема нешто ситно и му порача на келнерот : ‘Однесете го ова на Јованка’ Беше многу внимателен. Тоа беше знак дека не сакаше да се разведе од неа, иако некои политичари го притискаа.

Инаку Предраг Лалевиќ запишал медицина во 1945 година. Положил специјалистички испит и во Копенхаген и во Белград. Тој 16 години го прател Тито низ светот.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.