На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Објавил: Македонка Димкин | 25 февруари, 2020 10:11

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

Фото/Текст извор: ©ohridnews.com

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Тoмислав Кичеец е роден 1932 година. Дипломирал право во Белград, по што станал претседател на Окружниот суд во Струга, еден од најмладите во поранешна Југославија. Тој бил судија во Окружниот суд Охрид до неговото затворање во 1967 година, по што ја започнува долгата и успешна адвокатска кариера.

Во далечната 1967 година Томиславе Кичеец ја отворил првата адвокатска канцеларија во Охрид. Две недели подоцна тоа го направил и Петар Гоџо. Тоа се смета за почеток на исклучително успешната работа на познатото адвокатско друштво „Кичеец – Гоџо – Новаковски“, кое постои веќе 53 години. Томиславе Кичеец присуствуваше на одбележувањето на златниот јубилеј на Друштвото во 2017 година.

По стапките на Томислав денес успешно чекори негвиот син на македонската јавност добро познатиот адвокат Игор Кичеец како и синот на Петар Гоџо , познатиот Драган Гоџо

Посмртните останки на Томислав Кичеец, ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид денес 25 февруари, вторник, од 12 до 13 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести