Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.

Објавил: Перо Милчин | 29 август, 2020 13:40

Почна седницата за избор на нова Влада, Заев најави реформи, правда и повисоки плати!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, се обрати на денешната собраниска седница за избор на новата Влада.

Заев предупреди дека во следните 6 до 8 месеци животот можно е да биде потежок поради тоа што пандемијата со коронавирусот ќе се влоши споредено со летото.

-Сметајте на вашата земја и на вашите институции што ги плаќате, но сериозно укажувам да ги почитувате здравствените мерки за заштита. Периодот пред нас носи нови предизвици и најавувам уште поголема посветеност на здравствениот систем, големи инвестиции во здравството. Со 33 милиони евра од Светската банка ќе ги опремиме сите одделенија од интензивна нега за да пружат врна здравствена заштита. Платите за здравствените работници до 2024 година ќе бидат повисоки за 40 проценти, вети Заев.

Ова е мала Влада, посочи Заев, што ќе ја предводам и во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.

– На овие избори имавме историска можност со Беса да ја формираме коалицијата Можеме. Денеска таа програма усогласена и дополнета со нашите коалициони партнери ДУИ и ДПА е преточена во програма за работата на владата 2021 – 2024 година. Нова енергија во остварување економски раст, модерно образование и справување со пандемијата, изјави Заев. Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.

– Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е  20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да  оствариме раст од 4 посто, изјави Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.