Министерот за култура, Асаф Адеми, лично преку телефон најави дека ќе ги слуша желбите и сугестиите на апликантите за формирањето Годишна програма во култура за 2019 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 10:10

По ало Таравари, ало Адеми!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за култура Асаф Адеми ги повикува сите кои имаат сугестии или жалби за конкурсот за Годишната програма во културата за 2019 година, преку директен телефонски број да му се обратат нему.

Конкурсот траеше од 29 септември до 14 ноември.

Сличен принцип за пријавување на неправилности, нерегуларности и корупција во здравствениот систем, имаше и поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, кој е актуелен градоначалник на Гостивар.

Адеми на изминатите локални избори лани беше кандидат на Беса за градоначалник на Гостивар.

Адеми на брифинг со медиумите рече дека за овој конкурс ќе има повеќе новини, по пропустите од последниот конкурс, кога имаше неколку случаи да неколку лица беа избрани да добијат пари од државата, а самите беа членови на комисиите кои одлучуваа за проектите, или пак кога беа поддржани проекти на вработени лица во Министерството за култура.

Очекувам во законската одредба од 45 дена после носењето на буџетот, да ја донесеме и одлуката за финансирање на проектите. Јас ќе се потпирам на предлозите кои ќе ги добијам од комисиите. Не сум Супермен што може да разгледа 5.000 апликации. Затоа имаме девет комисии, во тие за драмска, издавачка и за музичко сценска дејност ќе има по пет членови, а во останатите по три. –  рече министерот.

За првпат досега, Министерството јавни ги објавува имињата на претседателите на комисиите, уште пред да бидат соопштени резултатите.

Така, со комисијата за интердисциплинарни уметности ќе раководи уметникот Суат Камбери, со комисијата за фолклор, музичка и сценска дејност музикологот Плеурат Гаши, за издавачка дејност филологот Бертон Сулејмани, со драмска дејност актерот Петар Арсовски, а со комисијата за визуелни уметности професорот по графичка и ликовна уметност ќе раководи Трајче Блажевски.

Професорката по историја на уметност, Анета Серафимова е претседателка на комисијата за недвижно културно наследство, археологот Мила Шурбановска за музејска дејност и нематеријално културно наследство, а филологот Вилдане Идризи е на чело на комисијата за библиотечна дејност.

Од годинава нема комисија за меѓународни претставувања, туку тие апликации за во странство ќе бидат распоредени по комисиите за дејностите на кои се однесуваат. Новина е комисијата за инвестиции, на чело со економистот Џеладин Локмани. Оваа комисија ќе одлучува за средствата потребни за реконструкции и поправки на националните институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...