Како што дознава Аслат ТВ, пред неколку недели врз Катица Јанева се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење.

Објавил: Весна Петровска | 18 јули, 2019 16:26

По Боки 13 и Кочишки – и Катица Јанева го смалува желудникот – трендот на друштвото мора да се следи

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Специјалното јавно обвнителство денеска ја информираше јавноста дека нивната шефица од 16. јули е на боледување.

Таа на 15 јули даде неотповиклива оставка, но во оставката се вели дека таа ќе биде шеф на СЈО се додека не се најде нејзин наследник.

Како што дознава Аслат ТВ, пред неколку недели врз Катица Јанева се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење.

Јанева пред три дена си даде оставка и од тогаш не се појавила на работа во СЈО. Во вторник, таа отворила боледување кое денеска е доставено во обвинителството чија шефица е таа. Меѓутоа, тоа не се поврзува со операцијата за слабеење.

Интересно е што ваква операција имаат направено и Бојан Јовановски и Анета Кочишки и тоа кај ист хирург, па останува прашањето дали и Катица ќе го посети овој пластичен хирург кој ќе успее да и намали минимум 15 килограми.

Анета Кочишки преполовена – изгубени се 15 килограми

По веста за боледувањето на Катица Јанева социјалните мрежи гореа со иронични коментари упатени кон шефицата на специјалното обвинителство, но не само твитерџиите туку и новинарите и политичарите кои едногласни дека боледувањето е лажно со цел да се избегне мерката притвор ако се докаже дека Катица Јанева има некаква поврзаност со Боки 13 и Зоки Кичеец кој на 15 јули беа приведени поради сомнеж за рекетрирање на познати македонски бизнисмени.

ОЈО ги согледа сите точки и експресно им додели по 30 дена притвор на Бојан Јовановски и Зоран Милески.

ОЈО на шефицата на специјалното обвнителство во истиот ден кога беше приведувањето на Боки 13 и Кичеец и го одзема мобилниот со цел обвнителството да види дали има некаква поврзаност со случајот Рекет кој ја вознемири целата македонска јавност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести