Евровизиската песна „Proud“, доби низа негативни коментари...

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 март, 2019 10:15

По низата критики за евровизиската песна се огласи Тамара-еве што напиша

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Евровизиската песна насловена „Proud“, со која нашата претставничка Тамара Тодевска ќе не претстави на Евровизија доби многу негативни коментари, од типот дека Тамара фамилијарно ќе оди на Евровизија, бидејќи на спотот се појавуваат нејзината сестра, ќерката и најдобрите другарки.

Исто така дел од луѓето коментираа дека вакви луксузи не се потребни, односно да се откажеме од Евровизија а со тие пари да купиме на прмер амбулантни возила, но има и такви кои коментираа дека до сега ваква хит песна не сме пратиле на изборот за Евровизија.

Но по низата коментари Тамара реши да се огласи на својот инстаграм профил каде таа напиша:

-„Благодарност до вас што ја поддржувате „Proud“. Убавите зборови се цел свет за мене. Секогаш бидете горди на тоа што сте и никогаш не ја сокривајте својата големина. Ве сака Тамара – напиша таа на фотографијата.

Инаку песната со која Тамара ќе не претставува на Евровизија на 16 мај беше објавена на 8 март и до сега има околу 500 илјади прегледи на интернет каналот. Песната е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот пак овој пат е дело на Коста Петров.

За потсетување, Тамара на неколку пати изјави дека оваа песна ја пее за својата ќерка Хана, поради што и доведе до низа критики.

Тамара Тодевска во Тел Авив ќе настапи на во втората полуфинална вечер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести