"Данас" потенцира дека САД преземаат обврска да обезбедат поддршка од сите клучни западни сојузници за идниот договор, пред се од Германија, Велика Британија и Франција

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 12:12

По решавањето “на македонското прашање”, САД со “Рамковен” и за Косово

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според весникот “Данас”, САД по успешното “решавање” на спорот со името помеѓу Грција и Македонија, решени се до крајот на годината да го решат и косовското прашање.

Американски претставници набрзо поактивно ќе се вклучат во Дијалогот Белград – Приштина, така што ќе водат т.н. “шатл дипломатија”, ќе разговараат со највисоките српски и косовски претставници, ќе ги посетуваат двата града, и ќе го “насочуваат текот на преговори”, објави белградскиот дневен весник “Данас” повикувајќи се на неименувани извори во Вашингтон.

Весникот наведува дека америкнските претставници ќе ја интензивираат својата активност по завршување на референдумот во Македонија, што ќе се одржи на 30 септември.

Целта на САД е преку шатл дипломатија да ги приближат ставовите на Белград и на Приштина, со цел да се дојде до рамковен текст на договорот за Косово, а финалниот договор да може да биде потпишан на пролет следната година.

Се очекува дотогаш и српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи да успеат да обезбедат целосна поддршка од своите влади и парламенти, како и да се создаде клима за поддршка на разграничувањето и на финалниот договор во српската и косовската јавност. – истакнуваат неименуваните дипломати за “Данас”.

Весникот потенцира дека САД преземаат обврска да обезбедат поддршка од сите клучни западни сојузници за идниот договор, пред се од Германија, Велика Британија и Франција.

Но, и покрај поактивното вклучување на САД во Дијалогот Белград – Приштина, Брисел официјално останува посредник во преговорите, наведува “Данас”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.