Откако ги "поклонија" Илинденското востание, цар Самоил, Кирил и Методиј, Миладинови и Прличев, сега бугарската окупација ќе ни ја "продаваат" како гостување на домашен терен

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 14:02

Правно имало окупација, формално Бугарите биле “гости” за време на II Светска војна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ревидирањето на историјата со соседна Бугарија влегува во сензитивна фаза. Според шефот на македонскиот тим за “бришење” на историски факти, Драган Ѓоргиев, следат почуствителни историски периоди.

Како брифираат колегите од Софија, веќе е направена распределбата кој Македонски национален херој или историски датум и настан ќе биде Бугарски а кој во духот на договорот за добрососедство ќе се слави како заеднички.

Како ќе напредува процесот на преговори и кога ќе доаѓаме до тие почуствителни теми како што се на пример 19 век, Илинденското востание, Втора светска војна ќе се појават можни проблеми. -вели Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја и шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Ѓоргиев додава дека вакви комисии се создадени за да можат да се надминат такви проблеми, но потенцира дека станува збор само за учебниците, бидејќи комисијата не навлегува во официјалната академска историографија.

Тоа не е работа на комисијата. Работа на комисијата е да ги усогласат некои ставови во учебниците по историја на учениците и на следните млади генерации да им се понуди една поинаква перцепција на историјата, а не да создаваме непријатели во Бугарија или Македонија за одредени историски настани и личности. – смета Ѓоргиев.

Запрашан за Втората светска војна и во кое својство Бугарите биле на овие простори и каков е ставот на македонската страна, Ѓоргиев одговори и порано дадовме некои изјави за тоа, дури и во Бугарија околу тоа имаше изјави дека формално-правно тоа е окупација и поинаку не може да се толкува тој термин.

Во таа смисла ќе има сериозни дискусии кога ќе дојде темата Втора светска војна во учебниците. Меѓутоа, од формално-правен аспект тоа не може поинаку да се толкува. Тоа е окупација на одредена територија, на одредена држава и тука и покрај тоа има простор да се дискутира, некои работи да се надминат, поинаку да се перцепира сето тоа, меѓутоа тоа што е прифатено и во меѓународната терминологија, изданија, публикации тогаш ќе мораме да се придржуваме на тоа. – подвлече Ѓоргиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести