Премиерот Заев смета дека борбата за зачувување на името и Македонскиот идентитет се лични и партиски интереси, кои одат спротивно неговиот омилен Преспански договор

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 8:49

Правото на самоопределување гласи Македонија, а не Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Полека станува јасно зошто Талат Џафери нареди цензура врз Собранискиот канал, кој не смее да врши директни преноси од комисијата за уставни прашања.

Медиумите но и стручната јавност како поминуваат амандманските расправи, се повеќе гледаат правни недоречености и нелогичности во изјавите на премиерот.

Историскиот контекст е целосно сочуван, а правото на самоопределување е признаено од Грција. Подготвен сум да ја сносам политичката цена, но тоа е вредно за Македонија. Длабоко сум убеден дека осигуруваме иднина за генерациите кои доаѓаат. – им порача премиерот Зоран Заев на пратениците на дебата по нацрт амандманите на Уставот на Република Македонија.

Пратениците се прашуваат за кое самоопределување говори Заев кога 75 години тоа се именуваше како Македонија? Но и за која политичка цена за вредностите на Македонија говори Заев кога успешно помина амандманот 33 за нејзино преименување?

Во репликите на пратениците по вториот нацрт амандман за кој се расправа на собраниската Комисија за уставни прашања, премиерот Заев истакна дека нема да има друг и подобар договор и оти двете страни добиваат од договорот.

Веројатно историскиот момент и можноста од грчка страна да има соговорник ги поклопија коцките да се донесе одлуката. И тука според мене е моментот кога го прекршувате личниот и партискиот интерес во однос на државните интереси. – истакна Заев.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ предложи во Преамбулата на Уставот да бидат внесени уште три документи и тоа Уставот на Република Македонија од 1991 година, како и востаничкиот устав од Кресенското востание и првиот устав на ТМОРО.

Да се избрише делот од реченицата „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници“, оди во друга крајност. Мораме да признаеме дека постојат национални држави како Албанија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, а ова е Република Македонија која со уставните измени ќе биде Република Северна Македонија. – појасни Заев.

Комисијата за уставни прашања веќе го прифати првиот од четирите нацрт амандмани со кој се предвидува замена на зборот Република Македоднија со Република Северна македонија секаде во уставот, освен во членот 36 каде има историски аспект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести