Пратеничката Анета Симеска Димоска е релативно непозната за македонската политичка јавност, но многу влијателна во М. Брод

Објавил: Данаил Михајловски | 24 февруари, 2019 14:14

Пратеничката Анета го дрма Македонски Брод

Фото/Текст извор: ©магазин

Нашите извори од Македонски Брод велат дека во оваа мала општина ниедно вработување не поминува без “амин“ на пратеничката Анета Симеска Димоска. За некои вработувања наводно биле барани по 2-3.000 евра како аванс за да се заврши работата. Она што сепак ги иритира жителите на Брод, а секако и дел од членството на СДСМ, е што за пратеничката најбитни се вработувањата и позициите на нејзините најблиски роднини. Пред изборите во 2016та година Анета Симеска Димоска долги години беше советничка во општината, и цело време го критикуваше “режимот“, ветувајќи им на граѓаните подобар живот кога таа ќе дојде на власт. За Анета сигурно е подобро, бидејќи годишно зема околу 10.000 евра за патни трошоци, настрана од пратеничката плата која е 1.100 евра.

Пратеничка Анета Симеска Димоска ретко зема збор во Собранието, но лани во две минути обраќање пред Собранието “поплука“ на сите предизборни ветувања дадени од Шеќеринска. Самата стана предмет на потсмев кај колегите дека не умее барем да одглуми дека еден закон на кој се потпишала како предлагач, дека е предлог закон на пратениците, а не на владата. Тоа значи дека пратеничката чита текстови што други и ги пишуваат.

Врв на непотизмот во М. Брод е тоа што братот на пратеничката Анета Димовска Симеска од позиција приватен стоматолог е именуван за директор на здравствениот дом. Прашањето е дали во Македонски Брод нема други лекари, па мораше братот на пратеничката, заболекар, да биде поставен за директор на болницата? Но тоа не е се’. Имено братот на Анета Димовска Симеска, кој се вика Жарко Симевски, како директор на здравствениот дом во Македонски Брод сам си распишал оглас за вработување, на кој сам себе се пријавил и се вработил. Тоа не било доволно, па си добил и специјализација, а неговата стоматолошка ординација од претходно кај што работел станала концесионер на просториите во болницата каде сега тој е директор. Ова е пример за непотизам, но и сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност на директорот Жарко Симески. Веројатно овде има работа за антикорупциската комисија, но исто така и за истрага од страна на јавното обвинителство.

Во Македонски Брод ова не се единствени случаи, бидејќи непотизам има и во случаите со вработувањата на синот и внукот на градоначалникот на Македонски Брод, Живко Силјановски од СДСМ, кои се вработиле во државното претпријатие Македонски Шуми. Во претпријатието Македонски Шуми се вработил и синот на директорот на претпријатието Бојан Вељановски, како и братот на командирот на полициската станица и синот на бившиот пратеник на СДСМ од Македонски Брод, Борче Ангелкоски. Иако има одлука на трудов инспекторат дека ваквите вработувања се незаконски, сепак тоа не важи за функционерите на СДСМ во Брод. Во меѓувреме од оваа сиромашна општина иселувањето на младите луѓе, кои немаат еднакви шански како оние што се повластени, продолжува да биде тренд кој е загрижувачки за демографијата на овој крај.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести