1.500 денари е само ако купувате скромно - сиромашно и со лош квалитет, и тоа е само за првиот школски ден, потоа следат "барањата" за секој предмет одделно

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 12:01

Првиот ден од учебната година ќе ве чини по 25 евра по дете

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Учениците придружувани од родителите овој викенд го користат за последни подготовки пред почетокот на новата учебна година.

Највозбудени се оние што првпат ќе седат во училишните клупи. Тие со големи потешкотии одлучуваа како ќе изгледа нивната ташна и со кои други училишни материјали ќе се пофалат пред другарите.

А, изборот е голем, бидејќи тезгите и продавниците се преплавени со училишни материјали со различни ликови од цртаните филмови.

Јас се подготвувам за во училиште. Ми требаат тетратки, моливи, пенкала. Дали го купи сето ова или подоцна ќе ги купиш? Подоцна.

Почнавме да се подготвуваме за во училиште, требаат тетратки, ташни… Дали се радувате што почнува учебната година? Да, да, многу“, рекоа учениците.

Учениците од прва година во средните училишта ги оставија подготовките за по неколку дена откако претходно ќе бидат известени за предметите. Родителите, пак, се делумно задоволни од цените.

Сега сум прва година во „Марија Кири“ за оптика, сега е почетокот, почнавме со подготовките. Но, се уште не знаеме што треба, тие ќе ни кажат што“, вели една ученичка.

Ако имате дете на училиште, минимум за подготовка ќе ви требаат околу 25 евра. Училишна ташна може да се купи по цена од 400 денари и повеќе, почетната цена на тетратките е 9 денари, моливите, пенкалата и гумите за бришење може да се најдат за 10 денари по парче, блок за ликовно може да се купи за 20 денари, а сет од боици за 50 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...