69- годишна жена загина, откако вчера била прегазена од возило марка „Tојота“

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 март, 2019 10:52

Прегазена жена во скопски Аеродром- им подлегнала на повредите во болница

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

69- годишна жена загина, откако вчера околу 14.30 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје била прегазена од возило марка „Тојота ленд крузер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(39) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош 69 годишната Ц.И. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, а во 18.30 часот, не издржала и починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Според статистиката во 2018 година, заклучно до месец септември, повредени се 626 пешаци, а загинале 17 пешаци. Анализите покажуваат дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем. Од една страна, има многу неодговорни возачи кои не ги почитуваат, ниту пешаците, ниту сообраќајните правила и прописи, но има и многу пешаци кои, исто така, неодговорно учествуваат во сообраќајот.

Црната статистика загрижува, бидејќи секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаци, загрижува фактот дека околу 25% од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди се пешаци.

Анализите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  покажуваат дека најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците се брзото возење во населени места, алкохолизираните возачи и пешаци, несоодветната сообраќајна инфраструктура, несоодветната видливост на пешаците во сообраќајот и учеството во сообраќајот со одвлечено внимание, како од возачите така и од пешаците.                 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести