Утре е прочка а на овој голем христијански празник се јаде баклава или кадаиф.

Објавил: Едмонд Бекири | 4 март, 2022 14:47

Предлог десерт за Прочка: Вкусен кадаиф со ореви

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Наскоро е прочка а на овој голем христијански празник се јаде баклава или кадаиф. Па во таа чест ви претставуваме еден вкусен рецепт за кадаиф со ореви, кој е омилен десерт на турците.

Потребни ви се следните состојки:

500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје

Нaјпрво се премачкува тепсијата со путер. Потоа се реди половина од кадаифот и додадете ги  толчените ореви помешани со суво грозје по желба, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот.

Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути.

Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимон сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.

По желба можете да додадете и лешници или бадеми. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.